Во петок истекува сегашната 30-дневна мерка притвор на Јанева.

Објавил: admin@magazin | 18 септември, 2019 15:52

НА КАТИЦА И НЕМА СПАС: Нови 30 дена притвор за Јанева во Шутка!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кривичниот суд денеска ѝ го продолжи притворот на екс специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП – се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска, вчера до Судот поднесе барање за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка.

– Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот, изјави Фрчковска за МИА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести