Правни преседани во случајот против Митко Чавков

Објавил: Узунов Бобан | 13 март, 2019 10:29

На Чавков му се заканува казна затвор од 14 години

Фото/Текст извор: ©магазин

Притворање пред изрекување на пресудата значи дека таа е донесена и дека е драконска, вели адвокатот Сашо Дуковски, кој го застапува поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, во случајот за „27 април“. 

Адцокатот Дуковски посочува дека Чавков има понудено гаранција од 600.000 евра во недвижнини дека нема да избега. Тоа, додава неговиот адвокат, е доволно за да се елиминира било каква опасност од бегство.

Според Дуковски мерката притвор е донесена затоа што веќе е одлучено и за пресудата. Тој прогнозира дека Чавков ќе добие затворска казна од над 14 години.

-Затоа овие правни гимнастики со определување притвор два дена пред изрекување на казната – вели Дуковски за „Телма“.

-Некаков си близок пријател на г. Чавков му кажал сосема случајно на некојси припадник на единицата „Алфи“, дека Митко Чавков има вила на Халкидики, не во Република Грција него во Халкидики, па се спремал да избега. Сето тоа е на 12-ти денеска и експресно врз основа на службена белешка, значи без никаква реална околност, било каков обид за бегство или нешто друго да е направено, туку врз основа на службена белешка која за судот беше доволна да определи притвор. Она што е многу битно да се потенцира, Митко Чавков беше на слобода со прифатена гаранција од 600.000 евра, не во пари туку во недвижнини, на членови на неговото најблиско семејство. Дали некој нормален може да смета дека тој ќе се даде во бегство и ќе ги остави неговите најблиски на улица- вели Дуковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести