Богоевски пак ќе треба да докажува дека Ахмети - Џафери и Бучковски со помош на Шекеринска "испрале" над 10 милиони долари

Објавил: Мартин Попоски | 21 август, 2018 15:12

На 11-ти септември повторно судење за тужбата на Ахмети и Џафери против Богоевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 11-ти септември во граѓанскиот суд во Скопје од почеток треба да почне судењето за поранешниот разузнавачот Слободан Богоевски по тужбата за навреда и клевета од лидерот на ДУИ Али Ахмети и “вечниот” поранешен вицепремиер Муса Џафери. 

Аферата “Маѓар Телеком” штоја разоткри Богоевски и тоа пред судот во Њујорк е класично перење пари за направена “услуга” од државата за монопол врз пазарот со телекомуникации во периодот 2005 – 2006 година во која пари зеле тогашниот премиер Владо БучковскиАли Ахмети и Муса Џафери и тоа сите по 2.5 милиони долари во три наврати од грчкиот магнат Димитрис Кондоминас. Условите да се задржи монополот се добиени со препораки и закони од Секретаријатот за Евроинтеграции со кој раководела Радмила Шекеринска. “

Апелациониот суд во Скопје пред 3 месеци ја укина пресудата на скопска двојка. Судиите од второстепениот суд предметот со насоки за натамошно постапување го вратиле на повторно судење. Тоа значи дека првите луѓе на ДУИ од почеток во граѓанскиот суд во Скопје ќе мора да докажуваат дека Слободан Богоевски ги наклеветил и дека со тоа им нанел штета на честа и угледот.

Апелационите судии утврдиле дека првостепениот суд сторил серија повреди на постапката и дека е нејасна.

Али Ахмети и Муса Џафери го тужат поранешниот разузнавач Слободан Богоевски за навреда и клевета за неговото сведоштво пред Окружниот суд во Њујорк за случајот “Маѓар Телеком”.  Како отштета во овој процес Ахмети побаруваше 3 милиони денари а Џафери 2,5 милиони денари но подоцна се откажаа од исплата на паричниот надомест како отштета и бараа извинување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести