Неговата учителка изјави дека нејзиниот ученик Владимир Путин уште како од дете зрачел со позитивна енергија.

Објавил: admin@magazin | 9 мај, 2019 19:45

Нејзините прегратки го освоија Рускиот претседател. Оваа баба(87)има посебно место во животот на Путин!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во Москва денеска беше обележен Денот над победата над фашизмот, а по тој повод беше одржан и свечен прием.

На денешниот прием, Рускиот претседател Владимир Путин ја привлече јавноста со една симпатична баба. Во прашање е неговата некогашна учителка Вера Гуревиќ. Инаку Вера беше негова учителка од петто до осмо одделение во училиштето 193 во Ленинград.

Отсек Германски јазик, Факултет за странски јазици на Ленинградскиот институт А.Н, Херцен ја заврши 1958 година, кога се вработила како наставник по германски јазик во средното училиште број 193 во Регионот на Ленинград.

Неговата учителка изјави дека нејзиниот ученик Владимир Путин уште како од дете зрачел со позитивна енергија.

На прашањето дали имал лоши оценки, учителката сега веќе во пензија, без двоумење одговори дека имал, бидејќи како мал бил многу немирен.

Во основното училиште Владимир Путин, бегаше од часовите, рече таа.

Владимир Владимирович Путин е руски политичар и моментален претседател на Русија од 7 мај 2012 година. Путин претходно бил претседател во периодот од 1999 до 2008 година и премиер на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година.

Путин исто така е претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.

Во времето на комунизмот, Путин шеснаесет години бил агент во КГБ, каде по распаѓањето на Советскиот Сојуз влегол во политиката во Санкт Петерсбург во 1991 година. Во 1996 година се преселил во Москва и се приклучил кон администрацијата на Борис Елцин, каде на 31 декември 1999 година станал вршител на должноста претседател, кога Елцин неочекувано поднел оставка.

Во 2000 година Путин победил на изборите и бил реизбран во 2004 година. По крајот на мандатот, тој немал право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател Димитриј Медведев го избрал за премиер на земјата. Во септември 2011 година, Медведев го предложил Путин за претседателски кандидат, кое довело до протести во неколку руски градови. Тој во март 2012 година победил на изборите, каде според новиот устав неговиот мандат ќе биде шест години.

Путин е заслужен за враќањето на политичката стабилност и економскиот развој на Русија, која била во голема економска криза во деведесеттите години . Во текот на првите девет години од неговото претседателствување (1999-2008) реалниот приход се зголемил за 2,5 пати, а платите три пати повеќе. Првиот мандат на Путин било одбележано со висок економски раст. БДП се зголемил за 72%.

Овие успеси се препишуваат главно поради добрата макроекономска политика, фискалните реформи, зголемувањето на капиталните приливи како и петпати зголемената цена на нафтата и гасот кои го сочинуваат поголемиот дел од рускиот извоз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.