Младите за Македонија покажаа како треба да се упати порака до народот, преку 10000 млади и симпатизери пред Собранието на Република Македонија упатија моќна порака
Македонијо во срце те носиме

Објавил: Македонка Димкин | 23 јуни, 2018 21:46

Никогаш Северна Македонија, Емоции и скандирање Македонија, Македонија

Фото/Текст извор: ©нова македонија / магазин

Под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ пред Собранието на Република Македонија се одржува протест против Договорот за спорот за името во организација на група граѓани „Млади за Македонија“.

Учесниците на протестот носат транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и повикуваат да се зачува уставното име.
Спроти почетокот на протестот групата на нивниот Фејсбук профил објавија порака со која апелираат на воздржување од насилство и напади врз полицијата.

– По никоја цена не смее да се дозволи напади на полицијата, а ние се оградуваме од секаков вид насилство. Ве повикуваме сите вие да се воздржите од насилство и да превентирате насилство. Ние се оградуваме од секој вид насилство, говор на омраза или недолично однесување – се наведува во апелот.

На говорницата се појави и Кристијан Бенито за кого Магазин деновиве пишуваше, овој пат тој ја рецитираше неговата песна напишана за Претседателот Иванов што наиде на огромни овации и емоции

Според објавеното, „Млади за Македонија“ се изјаснуваат за студенти од сите политички спектруми обединети под една цел – одбрана на името на татковината Македонија.
Од МВР упатија апел до учесниците на протестот да се воздржат од насилни акти.

– Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир, се наведува во соопштението од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.