Пејачката со помош на инвитро на својот сопруг Жељко Ражнатовиќ – Аркан му родила две деца.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 декември, 2019 9:26

НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ЗА ОВА: Цеца ја откри најболната тајна чувана долги години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По долги години познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ откри голема тајна која ја шокираше јавноста. Имено пејачката во младоста поминувала низ тежок период. Желбата да стане мајка и се претворила во кошмар. Таа со својот покоен сопруг Аркан има две деца кои јавноста добро ги познава синот Вељко и Анастасија. 

Свадбена фотографија од Цеца и Аркан

Но она што пејачката сега открива е тоа дека долго време се борела да остане бремена. Била многу упорна но за жал првата бременост, пред да го роди синот Вељко била не успешна. По првата бременост Цеца долго време не можела да остане бремена иако била многу млада, и имала 22 години. 

Пејачката со помош на инвитро на својот сопруг Жељко Ражнатовиќ – Аркан му родила две деца.

Како што објавија српските медиуми вештачкото оплодување на пејачката го направил најпознатиот гинеколог Миленко Пророчиќ. Тој бил вработен на гинеколошката клиника во Белград, а бил и професор на Медицинскиот факултет.

Пејачката пред извесно време откри дека имала проблеми со здравјето.

„Имав здравствени проблеми. Последните две години кубурев со здравјето, но ништо страшно, на крај се’ се среди. Сега се е во ред“, изјави неодамна пејачката.

Пејачката откри дека во организмот и се задржувала водата и имала спор метаболизам, но и дека сега се’ е во ред.

Не е тоа нешто страшно, туку нешто што им се случува и на другите луѓе. Најважно е што сега сето тоа се среди, изјави Цеца пред новинарите.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.