(ВИДЕО) Премиерот Заев во Сараево ја доби највисоката награда Европска личност на годината,

Објавил: Македонка Димкин | 6 јули, 2018 7:34

»Није да је ваљда само да ме Пане воли и поштује ваљда ме и граџани БиХ поштује«

Фото/Текст извор: ©влада на рм

Премиерот Зоран Заев ја доби наградата Европска личност на годината што ја доделува Агенцијата за избор на најменаџер во Босна и Херцеговина, Југоисточна и Средна Европа и Европското здружение на менаџери.

Заев рече дека му е чест што ја добива наградата трета година по ред, втора како премиер, и највероватно дека го сака босанскиот народ, чим по трет пат ја добива таа награда, рече на почетокот на неговото излагање Заев

„Премиерот Заев соопшти дека годинешната плакета за европска личност на годината, ја посветува на сите негови колеги од регионот, премиерите од Босна и Хецеговина, Црна Гора, Албанија, Србија, Косово, на премиерите од Бугарија и од Грција, како и на граѓаните на сите наши држави“, соопшти владината прес-служба.

Причина за тоа, како што рече Заев, е тоа што лидерите од регионот и граѓаните заедно покажаа лидерство за добра сегашност и добра иднина, а само преку тоа заедништво и соработка, стана возможно да се постават мостовите меѓу нас во регионот и мостовите меѓу нашиот регион и Европа.

Западен Балкан никогаш повеќе нема да биде буре барут рече на крајот Заев.

Останува нејасно прашањето, зошто премиерот не си зборува на македонски кога неговиот српско-хрватски е очаен, дали овде попуштија неговата ПР-Служба , или пак е тоа негова лична одлука сметајќи дека со тоа ќе ги шармира присутните?


Репортерот на Магазин го интересираше и тоа кој стои позади Агенцијата за избор на најменаџер, и како тоа еден премиер на држава да биде во исти ранг со еден Менаџер (лице кое води или менаџира со Фирма)

Ја посетивме нивната веб страна и на прв поглед не можеме а да не констатираме дека за една организација која доделува награди на најуспешни, нивната веб страна не ни остави некој впечаток. Со многу труд ги најдовме и критериумите според кои се избира најменаџерот:

Одлуката за избор се врши врз основа на следниве критериуми:

• УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ НА КОМПАНИЈАТА,
• ИНВЕСТИЦИИ,
• ВРАБОТУВАЊЕ,
• СТАНДАРДЕН КВАЛИТЕТ,
• ОБЕМ НА ИЗВОЗОТ,
• ВОВЕД И УПОТРЕБА НА СОВРЕМЕНАТА ТЕХНОЛОГИЈА,
• ПРОФИТ НА КОМПАНИЈАТА КОИ УПОТРЕБУВА “ВОДА”
• ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТИ,
• АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕ И УСЛУГИТЕ,
• ПОПУЛАРНОСТ СО ПАРТНЕРИТЕ И КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИТЕ И УСЛУГИТЕ.

Како и кој го пријавил Заев во трката з најдобра менаџер, која пак организација е  финансирана со спонзорства  од политичари или политички партии, останува нејасно. Сепак самиот факт дека оваа организација е финансирана преку спонзорства а истите никаде не се заведени, прашање е, колку се НАЈ наградите веродостојни и релевантни.

Нормално ваквите организации како што е во случајов  Агенцијата за избор на најменаџер во Босна и Херцеговина поседуваат  ISO лиценца, но во случајов неможевме да констатираме, што повторно фрла сенка врз смислата и идејата на ваквите организации.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.