Фекри Ахмети (брат на Али Ахмети) и Муса Џафери во телефонски разговор зборуваат да не ги изгубат тендерите во ТЕЦ Осломеј,

Објавил: Македонка Димкин | 14 јули, 2019 23:24

ЕЛ ЧЕКА ОБЈАВИ НОВА БОМБА: Братот на Али Ахмети и Муса Џафери местат тендери и поделба на пари (АУДИО)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ел Чека вечерва објави нова аудио бомба во која зборува како се местат тендери меѓу функционери на ДУИ. 

Фекри Ахмети (брат на Али Ахмети) и Муса Џафери во телефонски разговор зборуваат да не ги изгубат тендерите во ТЕЦ Осломеј, и не само за таму, туку и за други места и разговараат како добивката ќе си ја делат меѓусебно заедно со Фатмир Дехари. 

– Како си господине Џафери.

– Добро сум. Ти?

– Те барам за Комисијава во ТЕЦ Осломеј, за тендерот…За Комисијата која одлучува за ТЕЦ, таму не треба да изгубиме..

…(титлувањето и преводот на разговорот е во подготовка)

Интересно е што во споделувањето на овој разговор на ФБ објавен од Ел Чека се споменува Сами Укшини, алијас Командант Соколи. 

Уште поинтресено е што Сами Укшини е во затвор. 

Дали објавувањето на овој разговор на Ел Чека е резултат и кореспондира и со неодамншени инциденти кои се случија во Мала Речица, односно, незадоволството на Командантите од Али Ахмети, останува да видиме.

EL CHEKA BOMBA Nr 3 from MACEDONIAN MAGAZIN on Vimeo.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.