Рускиот претседател ги прегледа неговите простории и се запозна со системите на наоружувањето и опремата.

Објавил: admin@magazin | 31 октомври, 2019 22:42

Новата руска звер на вода ќе ги носи ракетите невидливи за радарите: ПУТИН лично ги надгледува работите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Русија, Владимир Владимировиќ Путин го посети Прибалтичкото бродоградилиште “Јантар” и корветот во изградба “Gremjašči”, која би можела да биде наоружана со суперсоничните ракети Циркон.

Рускиот претседател ги прегледа неговите простории и се запозна со системите на наоружувањето и опремата.

Командантот капетан втора класа Роман Довгајлов на Путин му ги објасни карактеристиките на управувањето на најновиот брод.

Командантот обрати внимание на “Gremjašči”, на кој се сместени лансирани контејнери ракети „Калибар„ и рече дека во перспектива тука би можеле да бидат поставени најновите хипертонични ракети Циркон.

Руската суперсонична ракета која е побрза од снајперскиот куршум.

Сигурно ќе биде Циркон, рече претседателот Путин, кој се обрати на министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Проектот корвета 20385 го разви концептот Алмаз.

Повеќе наменските корвети, на овој проект се предвидени за откривање и уништување на подморници и бродови на противникот, чување на зони и следење на другите бродови. Бродовите се опремени со артилериски, ракетни, против подморнички, сонарни и радарски системи.

Ракетниот систем со хиперсонична ракета „Циркон“ е еден од проектите на руската воена индустрија кој е држен во најголема тајност. Првите информации за овој систем медиумите ги објавија во февруари 2011 година, а во март минатата година се појави податок дека во Русија почнале првите тестирања на поморско-хиперсоничната ракета „Циркон“. Дострелот на ракетата е 400 километри, а брзината е од 4000 до 6000 километри на час.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести