Според провладините медиуми новинарот, Љупчо Златев бил нападнат од страна на "Комити"

Објавил: admin@magazin | 24 јуни, 2018 9:25

Новинарот Златев ги демантира натписите на некои медиуми

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По натписите на некои провладини медиуми дека за време на синоќешниот протест, наводно од страна на “Комити” бил нападнат новинарот Љупчо Златев, со демант на својот Фејсбук профил се огласи и самиот тој.

Имено, како што објаснува Златев, тој и воопшто не бил нападнат од страна на “Комити”, туку тие реагирале на човек кој што се обидел да го спречи Златев да снима со телефонот.

-Дел од порталите пишуваат дека комити ме нападнале на вечерашниот протест затоа што сум ги снимал како ги провоцираат полицајците.
Овие пишувања се само уште една од местенките на оние кои сакаат да ги минираатт протестите. Убацени елементи од сите страни.
Имено, јас не снимав никакви провокации кон полицијата, туку ја снимав полицијата која беше застаната во борбена формација на мирен протест (што го нема во ниту една демократска земја). Токму луѓе од навивачката грипа комити го тргнаа човекот кој сакаше да ме спречи да снимам. Се прашувате ли како тоа се ова се случи баш пред камерата на еден провладин медиум?, пишува Златев на својот Фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести