Ова веќе не е држава од моментот кога се тргна комплетна деструкција на Македонија, како правен систем, рече во гостувањето на ТВ Алфа.

Објавил: Перо Милчин | 10 јануари, 2019 14:55

Новинарот Јаневски: “Оваа влада e банда која тргува со живи луѓе”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Од поделба на власт до формирање на СЈО. И сега имаме ситуација во која што во излегувал човек и велел не го менувам Уставот, а сега поткупува, ги вади луѓето од затвор, ги носи во собраниска сала за да гласаат, изјави новинарот Јаневски.

Јаневски додаде дека ништо од ветувањата дадени во предизборниот период од страна на СДСМ и Заев немаат важност.

Така што дали тоа ќе го наречете тиранија, диктатура или хунта, исто е бидејќи тоа не е парламентарна демократија, тоа не е Европска унија, НАТО, тоа е ништо. Тоа е хаос, имате една одметната банда од 80-тина луѓе секој таму се грижи за своите тендери, за своите бизниси и пари и тргува со вашите деца, со вас, со мене, тргува со живи луѓе за да може да носи Прада, за да шета по Рим, по Дубаи и слични работи, вели новинарот Дарко Јаневски, во вечерашното гостување во емисијата Отворено, на ТВ Алфа.
Како што потенцираше Заев, единствено важно за СДСМ и Заев, било промена на Уставот со цел промена на уставното име, додавајќи дека на овој начин СДСМ и Заев ги изманипулирале граѓаните, ветувајќи проекти кои немале во план да ги реализираат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести