Во Кривичниот суд во Скопје денес скоро паралелно две судски рочита за случајот на СЈО "Титаник 2" и за случајот на ОЈО "27-ми април"

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 8:29

Нови рочишта за “Титаник 2” и “27-ми април”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Кривичниот суд во Скопје денес скоро паралелно две судски рочита за случајот на СЈО “Титаник 2” и за случајот на ОЈО “27-ми април”.

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случајот “Титаник 2” на Специјалното јавно обвинителство што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013-та година и за случајот “27-ми април” што се однесува за настаните во Собранието на Република Македонија од 27-ми април 2017-та година.

На денешното рочиште за “Титаник 2” треба да бидат сослушани сведоците Борис Кондарко – Виолета Дума – Субхи Јакупи и Васил Крстев. Во предметот обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими – Анета Стефановска – Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано рочиште за случајот за настаните во Собранието на Република Македонија од 27-ми април 2017-та година.

Судскиот процес започна минатата недела со воведни говори на обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на обвинетите. Обвинителката Русковска во воведниот говор истакна дека има докази со кои ќе ги потврди наводите од обвинението за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок а одбраната тврди дека не постојат докази кои укажуваат на тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести