Власта во текот на денот се обиде да врши поткуп, уцени, закани, фотографирање на гласањето а се претставуваше и дека е ВМРО - ДПМНЕ, но референдумот доживеа фијаско

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 18:48

Нови три инциденти на фотографирање гласачи или гласачки ливчиња во Скопје

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

15 минути пред крајот на изборниот процес, расте нервозата кај власта по катастрофалните резултати на тековниот референдум.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје по добивањето пријава од Општинската изборна комисија дека девојка гласала со пенкало на кое имало камера и притоа таа, како што се наведува во соопштението, го сликала гласачкото ливче или присутните во просторијата.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МВР добило пријава дека во околината на основното училиште „Песталоци“ во Скопје се попречувале граѓаните што  оделе на гласање и биле фотографирани.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и по преземените мерки, било утврдено дека се работи за 28-годишен скопјанка.

Таа била приведена во полициската станица во Центар за понатамошна постапка.

Од полицијата велат дека по добиена пријава на гласачкото место 2664 во основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, две лица се повикани во полициска станица.

Имено, како што информираат од МВР, во 13.05 часот едно непознато лице фотографирало ливче на друго лице по што го напуштило гласачкото место. Преземени се мерки и активности и лицата што биле на возраст од 28 и 36 години се повикани во полициска станица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...