Со 12 амандмани во Уставот и промена на Преамбулата, ќе се изврши измена на над 51 негов член и над 300 корекции во називите каде стои Македонско, Македонска, Македонски

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 октомври, 2018 8:57

Ново име и нова Преамбула значат нова држава на Балканот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Академската јавност, стручна во својата област од уставното право, особено во сегментот на измените и дополнувања, говорат дека од најавените амандмански измени, Уставот на крај ќе биде документ за нова држава на Балканот.

Кон оваа теза одат неколку насоки.

Предложените четири амандмани на постојниот Устав на Република Македонија, највисокиот правен акт, документ за државноста, независноста, суверенитетот и интегриретот во целост ќе отсликаат нова држава.

Точни се наодите дека со имплементирање на само четири амандмани ќе се реализираат промени во најмаку 51 член од Уставот на Македонија или над 300 корекции во кои именката Македонија ќе биде заменета со Северна Македонија.

Меѓутоа со Уставот се опфатени и институции како МАНУ или МПЦ – ОА, со што и нивните имиња во предзнакот ќе мора да претрпат корекции, па ќе имаме лавина промени на правни документи за кои по Преспанскиот договор, можеме од Грција да добиеме и правни санкции.

Ќе имаме Северно Македонска академија на науките и уметностите, Северно Македонска православна црква – ОА но и Народна Банка на Република Северна Македонија која секако како платежно средство ќе го има Северномакедонскиот денар.

Дополнително промените во Преамбулата која е вовев до Уставот, ќе предизвика темелни поместувања од Македонија, држава на Македонската нација и етничките зедници во Северна Македонија, држава на два народи, Албанскиот и Северно Македонскиот и етничките заедници.

Со промена на името, промена во над 51 член од Уставот и над 300 замени на именката Македонија во истиот, но и предложените дополнителни осум (8) амандмани од страна на БЕСА и Алијанса за Албанците, технички и правно ако успее процесот за уставни измени, ќе се бара поддршка од 80 пратеници за прогласување на Устав на најмладата држава на Балканот, Северна Македонија, без идентитет, со историја која ќе ја ревидираат Грција и Бугарија, со писмо и јазик кои се бугарски акцент.

Македонија ќе го изгуби целокупното културно уметничко историско наследство, но и ќе биде единствената држава која од својот Устав ќе ги избрише етничките Македонски заеднициво соседните земји, кои не се дијаспора, тие се автохтони Македонци кои по род се државјани но и граѓани низ сите поранешно југословенски земји и земјите на Балканот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.