Нема избори за наследник на Боро шверцерот и по три месеци од неговата оставка, како последица на казната затвор поради шверц со цигари, иако законските рокови се прекршени

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 7:36

Ново Село остана без градоначалник, надвор од законските рокови

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Општина Ново Село ќе има локални избори за нов градоначалник, но се уште не се знае кога ќе се одржат.

Постапката е отпочната говорат извори од Собранието, но поради големиот број прцедури коишто мора да се испочитуваат, изборите би можеле да се поклопат со претседателските во пролет 2019 година.

Од министерството за локална самоуправа потврдија дека Ново Село им испратило допис со известување дека градоначалникот Боро Стојчев си поднел неотповиклива оставка од функцијата. Известувањето пристигнало пред десетина дена и министерството има рок од 15 дена, а најдоцна до 5 ноември да ја извести Владата.

Владата од тој ден има рок од 30 дена да ја констатира сотавката и да ја извести општина Ново Село за именување на врштител на должноста градоначалник, а во тој период треба да го информира и Собранието на Република Македонија за распишување предверемени избори за градоначалник.

Откако ќе добијат известување општината е должна во рок од 30 дена да назначи вршител на должноста којшто ќе биде избран од Советот на општината, освен претседателот.

Талат Џафери, нема законски рок кога ќе се распишат изборите за нов градоначалник во општина Ново Село.

Оваа општина е без градоначалник од јули, по апсењето на Боро Стојчев. Претседателката на советот вели дека општината функционира без проблеми.

Боро Стојчев си поднесе оставка на 5 октомври од затворот во Струмица каде издржува затворска казна за шверц на цигари. На 10 јули тој беше уапсен во обид да пренесе 3.300 штеки цигари преку македонско-бугарската граница, на див граничен премин кај селото Бадилен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.