Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 октомври, 2019 18:07

Најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“, објави Курир.мк.

Кривичниот закон за делото за кое е обвинета поранешната специјална обвинителка Катица Јанева

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Јанева, како второобвинетото лице се терети дека сторило кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ – казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во Членот 353 став 3 е наведено „Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години“.

Обвинителството во соопштението наведе дека со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра.

Инаку попладнево екс специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба, изјави за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.

Здравствената состојба на Јанева, според Фрчкоска, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност.

Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Во 2008 та година судот му одреди 20 години затвор за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември истата година на паркингот пред ПМФ. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Судот ја укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ

Денеска судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци...

Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.

СЕЛА ОТКРИВА – Заев ми понуди да го заменам Али Ахмети- но јас ОДБИВ

Села откри дека премиерот Зоран Заев му понудил да го замени ДУИ, но тој не прифатил. Во...

Министерот Димитров на дебатата потсети дека земјава 14 години е кандидат за членство во ЕУ и дека сега повеќе од било кога е подготвена да добие датум за преговори.

Димитров: Доколку нема датум, Европа ќе испрати порака дека не е серизона

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на панел дебата насловена...