Мирослав Мишковиќ сопственикот на Делта Холдинг денеска е осуден на 2,5 години затвор поради поттикнување даночно затајување, а ќе мора да плати и казна од дури осум милиони динари.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 март, 2019 18:03

Двајца тајкуни добија затворски казни во исти ден, Мишковиќ во Србија, Мијалков во Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Специјалниот суд во Белград денеска го прогласи за виновен претседателот на компанијата „Делта Холдинг“ Мирослав Мишковиќ и неговиот син Марко за затајување данок. Мишковиќ доби затворска казна од 2,5 години затвор, а неговиот син куќен притвор.

Мирослав Мишковиќ сопственикот на „Делта Холдинг„ денеска е осуден на 2,5 години затвор поради поттикнување даночно затајување, а ќе мора да плати и казна од дури осум милиони динари.

Неговиот син Марко ја оштети државата и затаи данок од 320 милиони динари.

Двајцата осуденици татко и син Мирослав Мишковиќ и Марко Ммишковиќ. Компанијата на Мишковиќ Delta е основана во 1991 со само 5 вработени, а сега има 24.000. Неговата деловна империја во правата половина на 2012 година, остварила приход од 39,1 милијарда динари.Компанијата Делта холдинг на бизнисменот Мирослав Мишкоиќ, кој утрово беше задржан во полиција, поради сомнение на малверзација во приватизацијата на патаринската фирма, поседува пет големи компании, а има вработено околу 7200 луѓе. 

До даночното оштетување дошло со префрлувањето на акциите на претпријатието за патишта Ниш на домашна компанија, која, според тврдењата на судството, ја контролира Марко Мишковиќ, синот на Мирослав Мишковиќ, а наводно неговиот татко му помагал во целата работа.

Марко Мишковиќ мора да врати 8 милиони динари и ќе одлежи една година домашен затвор.

 Додека пак денеска во Македонија на три години затвор беше осуден поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков  за случајот „Титник 2“ .

Оваа денешна пресуда, е првата пресуда од четири обвиненија за Сашо Мијалков. Тој е обвинет во случаите „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“, а осомничен е во истрагата за „Империја“.

Сашо Мијалков е еден од најконтроверзните политичари и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија. Денеска беше осуден на 3 годишна затворска казна. Мијалков дипломирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултет во 1998 година. Магистрирал во областа бизнис администрација.Во 1990 година станал член на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување.
Во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија.

Од 29 август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на таа функција бил до 12 мај 2015 кога си поднел оставка. Сашо Мијалков е син на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.