Јавниот обвинител со "Соломнско" решение, нема веќе користење фискна телефонија, обвинителите ќе мора да користат само мобилни апарати, барем додека трае истрагата

Објавил: Мартин Попоски | 7 декември, 2018 6:32

Обвинителството ги исклучи фиксните телефони

Фото/Текст извор: ©makfax/магазин.мк

Ако до минатата недела сите разговори од фиксните телефони во обвинителството се снимаа, сега обвинителите во зградата покрај Вардар се целосно отсечени од фиксната телефонија.

Ниту некој однадвор може да ги добие, ниту тие можат да се јавуваат. Повикот прекинува и завршува уште пред да заѕвони.

За да ги завршат службени обврски на обивнителите им остануваат само мобилните телефони.

Централата е исклучена бидејки хард дисковите на кои се снимале разговорите повеќе од 3 години се извадени за да се вештачат, потврдуваат од обвинителството. А токму вештачењето треба да го даде клучниот одговор, дали е ова нова и голема афера за прислушување или пак не, велат експертите.

Професорот Калајџиев додава и дека преку соодветни истраги може да се дојде до одговор на сите прашања, не само за оваа нова афера, туку и за бегството на Груевски за кое и по еден месец нема информации.

Калајџиев е претседател на УО на Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој заедно со десетина невладини организации деновиве јавно побараа одговори од истрагата, но и одговорност за пропустите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.