Денеска во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ние одржавме колегиум и ги разгледавме овие прашања. Таа изјава не треба да се сфати како притисок врз судиите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 ноември, 2019 19:43

Јовески за ИРЛ: Русковска беше разочарана од одлуката на апелационите судии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јавниот обвинител Љубомир Јовески во интервју за ИРЛ вели дека неговата колешка Вилма Русковска реагирала импулсивно и не станува збор за притисок врз апелационите судии кои одлучиле за ослободување од затворски притвор за обвинетата Катица Јанева.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески во интервју за ИРЛ вели дека неговата колешка Вилма Русковска реагирала импулсивно и не станува збор за притисок врз апелационите судии кои одлучиле за ослободување од затворски притвор за обвинетата Катица Јанева.

„Денеска во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ние одржавме колегиум и ги разгледавме овие прашања. Таа изјава не треба да се сфати како притисок врз судиите. Ние како Обвинителство ги почитуваме одлуките на судиите и немаме намера да се мешаме во нивните работи, но исто така се залагаме за владеење на правото и ние сме гарант за заштита на законитоста. Ние сме одговорни во делот на кривичниот прогон и можеби изјавата на обвинителката Вилма Русковска се должи на моментална разочараност од определена одлука, со оглед на тоа што во тој предмет таа водеше сеопфатна предистражна и истражна постапка. Изготвено е обвинение и поднесен е обвинителен акт и се чека судот од тој обвинителен акт да ја донесе соодветната одлука“ – вели Јовески за ИРЛ.

На прашањето дали Јовески застанува во одбрана на Рускоска тој одговори:

„Не знам дали тоа треба да се сфати како одбрана на определен обвинител, едноставно кажуваме кои се фактите, околностите, нашите мотиви и заложбите. Нам како Обвинителство воопшто не ни треба да отвараме проблеми со судовите, таму каде што најмалку треба да ги има. Од определени одлуки, како што и досега било, доколку не сме задоволни ако имаме правни средства и интрументи ние тие одлуки ќе ги подложиме на проверка пред повисоките судски институции“ – вели Јавниот обвинител Јовески.

Целото интервју прочитајте го тука.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести