Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.

Објавил: Владо Марин | 21 април, 2020 9:50

ОБЛАЧНО СО ВРНЕЖИ ОД ДОЖД: Грмежи и пониски температури во земјава!

Фото/Текст извор: ©Magazin

До крајот на денов во државава времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2).

Ќе има услови и за ретки грмежи а ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер (над 60 км/час) и од југоисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.
 
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа на повеќе места врнежи од дожд ќе има и утре додека од четврток врнежите ќе бидат полокализирани и послаби а ќе има и сончеви периоди. Исто така особено утре на планините врнежите ќе бидат од снег.

Максималните дневни температури на воздухот и утре нема многу да се менуваат во однос на сегашните. Истите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Пораст на температурите се очекува од петок па натаму, и тоа под влијание на потопла воздушна маса од југ.

Вкупното количество на наврнат воден талог за време на овој влажен бран локално ќе надминува и 30 литри.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...