Според анкетите на ОБСЕ, на 30 септември излезеноста ќе биде околу 32.3% или на референдумот со "За" или "Против" ќе гласаат околу 616.930 илјади граѓани со право на глас

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 13:23

ОБСЕ знае дека референдумот ќе пропадне?

Фото/Текст извор: ©охридскај.ком

Редакцијата на ОхридСкај дојде до официјални анкети на ОБСЕ, кои се однесуваат околу излезеноста за претстојниот Референдум на 30-ти септември.

Според анкетите кои ги изврши ОБСЕ за нивни потреби, излезеноста за претстојниот референдум ќе биде 32,3 % или вкупниот број на лица со право на глас, 1.910.000 на претстојниот реферндум заклучно со денешниот ден (13.09.2018 година) би излегле 32, 3 % или 616,930 граѓани со право на глас.

Според анкетата на ОБСЕ, оваа бројка има значение дека претстојниот референдум, доколку се оди по оваа математика, референдумот би доживеал фијаско од причина што за да се оствари цензусот потребен за успешен референдум недостасуваат уште 300 илјади гласачи, објави ОхридСкај.

Според разговорите кои ги имаше Редакцијата ОхридСкај, ваквата незаинересираност на граѓаните се должи на фактот дека партиите кои ја парципираат власта ги изневериле своите гласачи, незадоволството кај народот е огромно, но од ОБСЕ неофијално не брифираат дека медиумската пропаганда за претстојниот референдум на партиите на власт е комплентно промашена.

Според нив маркетингшките пропаганди на Фејсбук, Твитер и Инстрагам не допираат до граѓаните, посебно во помалите средини каде населението послабо ги користи овие социјални мрежи.

Медиумскиот простор во Македонија има слаба застапеност за претстојниот референдум, а познавачите предупредуваат дека доколку партииите на власт не ја променат својата стратегија и не се насочат кон реалните проблеми на претстојниот референдум ќе доживеат вистинско фијаско.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести