На покана на МНР и Димитров ОБСЕ - ОДИХР ќе го набљудуваат процесот од гласањето на референдумот за промена на името

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 14:14

ОБСЕ – ОДИХР ќе го следи референдумот со 270 набљудувачи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска имаше средба со амбасадорот Јан Петерсен шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ ОДИХР кој го информираше како оваа меѓународна организација ќе го следи референдумот на 30 септември годинава.

Амбасадорот Петерсен како што соопшти МНР ги пренел основните информации за оваа мисија на ОБСЕ ОДИХР и информирал и за планираните активности на набљудувачката мисија во период до референдумот и на самиот ден на изјаснување која инаку согласно препораката на Мисијата за проценка на потребите на ОДИХР би требало да брои околу 270 набљудувачи.

Димитров изразил задоволство од прифаќањето на неговата покана ОДИХР да испрати набљудувачка мисија за Референдумот во Република Македонија. Го истакнал историското значење на актуелните процеси како и на можноста граѓаните преку овој демократски чин да ја искажат својата волја по прашањето кое како што рекол е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ но исто така и врз политичкото стабилизирање на Регионот.

ОБСЕ ОДИХР денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за набљудувањето на претстојниот референдум. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести