Целиот коридор 10 за краток период ќе функционира на овој начин

Објавил: admin@magazin | 4 јули, 2018 14:18

Од денеска измени на патарините кон Велес, ќе се плаќа со специјална картичка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денеска на патарините од Скопје до Велес се воведува плаќањето со сепцијална картичка која ќе се надополнува. Картичките кои ќе може да се набавуваат на бензинските пумпи, a од денска функционираат на само една од наплатните рампи додека на останатите се уште се плаќа во готово, како што беше и до сега.

Според информациите, во текот на утрешниот ден ќе биде пуштена опцијата за наплата со посебна картичка и во обратен правец, односно од Велес кон Скопје. Вчера услугата веќе ја користеле специјални групи на граѓани кои овие картички ги добиле бидејќи се ослободени од плаќање патарина.

Надлежните најавија дека целиот коридор 10 за краток период ќе функционира на овој начин за побрз проток на возила на патарината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.