Цените се веќе променети, денеска од седум часот утрово во Србија се наплажа по поскапа цена на патарините на автопатиштата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јули, 2019 10:30

Поскапени патарините во Србија, од Белград до Ниш 900 динари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Патарините во соседна Србија поскапеа, па од денеска цената ќе биде плус за 12 отсто.

Цените се веќе променети, денеска од седум часот утрово во Србија се наплажа по поскапа цена на патарините на автопатиштата.

Ценовникот со детален приказ на новите цени по делници е поставен на сајтот на „Патишта на Србија“.

За потсетување, претходно патарината во Србија поскапе пред две години на 7 јануари 2017 година за 10 отсто.

Во зависност од категоријата на возилото, новите цени на автопатот Белград – Ниш чинат од 450 до 5.140 динари, за автомобили патарината е 900 динари, а од Ниш до Прешево – 600 динари.

Кога станува збор за автопатот кон Хрватска, во зависност од категоијата на возило за патарина од Белград до Шид треба да носитесо себе од 410 до 2.530 динари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести