-Цената на патарините се утврдува според Законот по километар од 2,57 денари така што во Преод ќе чини 50 денари а Кадрифаково ќе биде 70 денари.

Објавил: Перо Милчин | 21 февруари, 2022 16:30

Од Скопје до Штип со двете нови патарини ќе се плаќаат 160 денари

Фото/Текст извор: ©канал 5/магазин.мк

Од мај, секој кој патува по автопатот Скопје- Штип ќе треба да одвои по 160 денари за наплата на патарини во еден правец.

Двете патарини на автопатот “Гоце Делчев” од Миладиновци до Штип кои се градат кај Преод и Кадрифаково кои според најавите се очекува да проработат од мај, ќе чинат 50 и 70 денари, а директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми појаснува овие цени, како и кај останатите патарини ширум земјата се утврдуваат согласно Законските регулативи но и дека во моментот не се размислува за воведување на вињети кои долги години се користат во одредени земји во Европската Унија

-Цената на патарините се утврдува според Законот по километар од 2,57 денари така што во Преод ќе чини 50 денари а Кадрифаково ќе биде 70 денари. Имаме електронско плаќање, тоа е подобра метода и се поддржува од ЕУ. Веќе и во ЕУ, многу држави имаат иницијатива да се тргнат вињетите и да се преминува кон електронско плаќање. — Ејуп Рустеми.

А голем дел од граѓаните години наназад се жалат дека цените кои се плаќаат за користење на македонските автопати се енормни и не соодветствуваат со реалните услови во кои тие се наоѓаат, Рустеми вели дека актуелните цени ќе бидат разгледани но и дека се уште не може со сигурност да се каже дали ќе има корекција на истите.

Ќе ги разгледаме сите можности, во текот на оваа година на кој начин и какви ќе бидат цените на патарините во Македонија,Ејуп Рустеми.

Не можам предвреме да ви кажам ние вршиме анализа, се врши целокупната анализа бидејќи сите приходи што доаѓаат од патарините ние ги вложуваме на изградба на нови но и на рехабилитација на сите постоечки патишта во државата.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пак, денеска информираше дека тимови на Македонија пат денеска и утре ќе извршат увид на двете свлечишта на автопатот кои веќе два месеца стојат нерасчистени и зафаќаат дел од коловозната лента, по што ќе следува нивна санација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...