„Во авионот имало 73 патници и 5 членови на екипажот. Страшната несреќа ја преживеаја 37 луѓе, од кои четворица се членови на екипажот. Неколкумина се хоспитализирани, а со 28 патници работат психолози и им се укажува здравствена заштита.“ - изјави Елена Марковскаја – Истражен комитет на Русија.

Објавил: Весна Петровска | 6 мај, 2019 19:30

Од ова ќе ви се заледи крвта: Снимки од рускиот авион кој се запали на аерором – еве што остана по пожарот

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Страшна видео снимка објавија рсуките медиуми од внатрешноста на авионот кој вчера се запали на пистата  на аеродромот „Шереметјево“ во Москва.

Фотографија од она што останало од авионот кој вчера се запали на пистата  на аеродромот „Шереметјево“ во Москва

„Во авионот имало 73 патници и 5 членови на екипажот. Страшната несреќа ја преживеаја 37 луѓе, од кои четворица се членови на екипажот. Неколкумина се хоспитализирани, а со 28 патници работат психолози и им се укажува здравствена заштита.“ – изјави Елена Марковскаја – Истражен комитет на Русија.

На снимките може да се види внатрешноста на авионот каде огнот ја проголтал опашката на леталото.

Авионот на „Аерофлот“, кој полетал од Москва кон рускиот град Мурманск, бил принуден да се врати на „Шереметјево“ кога пријавил дека има проблеми по помалку од половина час по полетувањето.

Од утринава истражителите се на терен и утврдуваат детали кои би можеле да бидат причина за авионската несреќа. Пронајдени се и црните кутии, а новите снимки покажуваат дека пилотот се обидел да слета двапати, пред да се запали леталото.

Преживеаните раскажуваа како избегале од авионот на „Аерофлот“, кој букна во пламен при слетувањето на аеродромот Шереметјево.

Причината за авионската несреќата најверојатно било удар на гром.

Патниците рекоа дека авионот, кој бил упатен кон северниот руски град Мурманск, бил погоден веднаш по полетувањето.

Неколкумина од петте члена на екипажот исто така изјавија дека поради молњи се загубила комуникацијата со контролата на летање.

На драматичното видео од аеродромските камери се виде дека авионот слетува многу нестабилно, отскокнува на пистата и букнува во пламен. 

Поради несреќата, во Русија е прогласена тридневна жалост. Повеќето од загинатите патници се задушиле од чадот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...