Партиски извори лиферуваат дека одлуката за отстранување на Мијалков и Јанчев од ВМРО - ДПМНЕ влијаела врз плановите на Заев како да го одржува потребното мнозинство

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 10:23

Од осумте одметнати пратеници ќе останат само четворица?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Според партиски извори, деновиве подеднакво било “жешко” не само во ВМРО – ДПМНЕ, туку и во СДСМ но и Владата, каде се барале одговори од премиерот Заев што точно е испазарено со осумте одметнати пратеници.

Иако од партиското седиште на Бихаќка беше декларирано дека сите 8 пратеници пристапиле самите кон премиерот Заев со четири барања поврзани со Преспанскиот договор, повеќе од јасно е дека тоа не кореспондира со настаните од петокот.

Она што според партиски извори од СДСМ било гласно поставено е како ќе се одржат но и кои биле нивните барања при “обработката” во кабинетот на Џафери.

Пратеничката Авировиќ од Социјалистичката партија на Македонија била единствена јасна, неформално посочувајќи фокусот и бил спас за нејзинот син кој е осомничен во предметот на СЈО поврзан со тендерските огласи за РЕК Битола преку Сеад Кочан.

На иста линија, но во одбрана на својот претпоставен, бил и пратеникот Зеќир Рамчиловиќ според партиски извори побарал ослободителна пресуда за Кочан.

Пратеничките Александрова и Исмајлоска Старова спаѓаат во оние за кои и СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ бараат Основното Јавно обвинителство да покрене постапка за поткуп, неофицијално партиски извори лиферуваат дека тие немале директен судир со СЈО но првично биле уценувани по нивните семејства, за кои подоцна им биле нудени финансиски надомест и вработувања.

По откривањето на роднинските врски помеѓу Александрова и Сашо Мијалков, извесно е дека пратеничката гласала и под влијание на поранешниот висок функционер на ВМРО – ДПМНЕ.

Она што предизвикало вистинско негодување на Бихаќна, според партиски извори биле пазарењата со трите пратеника обвинети за немилите настани во Собранието од 27 април мината година, па така како првоосомничени, Василевски, Мукоски и Арнаудов биле пуштени да се бранат од слобода за да гласаат уставни измени.

Заев се соочил со гневот кој како информираат партиски извори, бил компариран со речениците “истите специјалци кои ги приведуваа, сега им слугуваат и ги чуваат?”, “обвинетите за тероризам врз уставниот поредок, гласаа за уставни измени и Заев ги прогласи за национални херои?”.

Партиски извори коментираат дека сега најголемиот притисок ќе треба да се изврши не врз СЈО, туку врз Кривичниот суд, како Василевски, Мукоски и Арнаудов а особено Канческа Милевка можно е да се соочат со пресуди во вид на затворски казни и поголеми од 5 години по што би ја изгубиле пратеничката фукнција.

Заев немал одговор како би се регулирале судските постапки иако уверувал дека и други шест пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата размислуваат да ги поддржат уставните промени во финишот, но по ЦК на ВМРО – ДПМНЕ и отстранувањето на Сашо Мијалков и Митко Јанчев од партијата, сосема е неизвесно кој сега би посредувал со нив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести