Од утре сите граѓани на Република Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија за влез во Србија треба да имаат негативен ПЦР тест кој нема да биде постар од 48 часа, решено е денес на седницата на Кризниот штаб, јави дописникот на МИА од Белград!
Таа одлука ќе важи од утре, 15 август и нема да се однесува на српските државјани кои доаѓаат од територијата на тие земји, изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб.
Додека пак српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека ќе ѝ предложи на Српската напредна партија (СНС), чиј лидер е тој, два концепта за формирање влада, од кои првиот е проста коалиција со една партија, а вториот концепт е еден вид концентрациона Влада, по што за година и половина ќе се оди на нови парламентарни избори!
Вучиќ додаде дека е поблизу до концептот на проста коалиција со една партија, но не сакаше да прецизира за која партија станува збор.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.