Вирусот на детска парализа е откриен кај дете во градот Лилонгве, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Објавил: admin@magazin | 19 февруари, 2022 19:24

ОПАСЕН ВИРУС ВО АФРИКА: Првиот случај е регистриран по неколку години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првиот случај на детска парализа (полио) на континентот по неколку години е забележан во африканската држава Малави.

Вирусот на детска парализа е откриен кај дете во градот Лилонгве, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Лабораториските тестови покажале дека тој е очигледно донесен од Пакистан, се наведува во соопштението.

Додека дивата детска парализа постои каде било во светот, сите земји остануваат во опасност од увоз на вирусот“, рече регионалниот директор на СЗО, Матшидисо Моети.

Организацијата ќе ги поддржи локалните здравствени власти во оваа југоисточна африканска земја за да се погрижат случајот да остане изолиран и да не се шири, рече таа, пренесува Радио Слободна Европа.

Полио е заразна болест и може да предизвика парализа и смрт. Освен Авганистан и Пакистан, сите земји во светот ги победија дивите полио вируси со вакцинација.

Во Африка последен случај е регистриран во Нигерија во 2016 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести