Османи како дел и од мината и сегашната власт знае дека пренатрупаната администрација е проблем

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 7:51

Османи најави ангажирање илјада лица во преговорите со ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До Советот на Европската унија во јуни следната година владата ќе се бори на три фронта а дополнително ќе бидат ангажирани и до 1.000 нови лица.

Реформите во четирите најбитни области – скрининг процесот и спроведувањето на должностите од Преспанскиот договор – мора да се заокружат до средината на 2019-та година. Сето тоа треба да биде спроведено во услови на референдум – уставни измени и претседателски избори во првите три месеци од годината.

“И нема да биде лесно. Тоа им го кажуваме и на Брисел и на земјите членки. Дека ќе биде тежок процес во кој што општеството ќе биде фокусирано на неколку важни прашање па моментот ќе биде ангажиран за овие прашања во делот на референдумот – уставните измени и претседателските избори и ќе мора таа агенда на три паралелни процеси да ја вклопиме во оваа веќе зафатена агенда на владата.

И се обидувам да ви кажам колку ќе биде комплексно и напорно. Меѓутоа Влада што успеа за една година да затвори три големи политички прашања и да испорача 3 – 6 – 9 ќе го направи тоа и во периодот што доаѓа – така да немам дилема дека ќе успееме но ви кажувам дека ќе биде многу комплексен и тежок процес во кој бројката на вклучени лица може лесно да надмине и илјада.” – изјави Бујар Османи.

Во целиот процес се предвидени три основни структури. Координативно тело – составено од премиерот неговите заменици шефот на дипломатијата и други министри со цел утврдување на преговарачките позиции на Македонија.

Државната делегација за пристапни преговори со ЕУ ќе ја предводи Османи а негов заменик ќе биде Димитров. Третото тело е преговарачката група каде за шеф е поставен Маричиќ под чија одговорност ќе бидат поставени работните групи.

“Тоа бара масовна мобилизација и во институциите и надвор од институциите. Така што само за поглавјето 23 да речеме имаме три под теми и внатре во нив има уште теми кои што ќе треба д се покриваат. Така што ќе има некои обемни поглавја – некои помалку обемни но сите ќе бараат масовен ангажман на институциите кои што ќе опфаќаат многумина.” – изјави Бојан Маричиќ.

Иако ни Османи ни Маричиќ не појаснија зошто толку голем ангажман во реформите кои ги бара ЕУ кога нашата покана за членство 15 години завиди од промената на уставното име на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести