Се погласни "eкологисти" кои бараат локалната власт да биде концесионер на Охридското Езеро

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 6:35

Охрид го сака езерото само за себе Николовски согласен?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Додека се “растегнува” конкурсот за избор на нов концесионер кој ќе се грижи за рибниот фонд во езерото дел од охридските екологисти сметаат дека овојпат одговорноста треба да ја преземе локалната власт.

Лазо Наумоски независен екологист смета дека кога општината би била новиот концесионер би се спречил бизнисот со масовното изловување.

Охридско Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија а најстаро во Европа и од биолошки аспект најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја – културa – археолошки наоѓалишта и природна убавина. Охридското езеро е единственото во кое во слатка вода живеат сунѓери како и единственото во кое школките создаваат бисери. Благодарение на ваквите особености во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 година кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името “Охридско Езеро”.

“Мојот став е идниот концесионер да бидат локалните власти од Охрид и Струга и да не се користат понатаму мрежи за ловење за да има само спортски. Со тоа да се овозможи контакт меѓу пастрмката и плашицата и локалните власти да бидат економски моќни да ги решат сите еколошки проблеми и водата во езерото да остане чиста.” – вели Лазо Наумоски екологист.

Не е јасно од што е независен Наумовски? Исто како што не е јасно што е “независен” екологист?

Но риболовните водичи немаат многу надеж дека нешто многу би се променило ако концесионер е општината. Велат кој и да ја земе концесијата нема да има голема разлика. Тие се за поголеми контроли и поставување нови основи за рибарење.

“Во однос на концесијата прво треба да се направи правилна риболовна основа. Најмногу треба да се заштити охридската пастрмка и белвица но и јагулата и плашицата не треба да се изловуваат во големи количини за да може нормално да се размножуваат. Секако во размножувањето и понатаму да е дел Хидро биолошкиот завод.”- вели Љупчо Лепи риболовен водич.

Инаку постапката за објавување конкурс за избор на нов концесионер на Охридското Езеро е во владина процедура. Како што информира министерот за земјоделство – шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во консултација со стручните служби од Охрид и институтите направена се измена во риболовните основи за поголема заштита на рибниот фонд.

Во моментот Охридското Езеро нема концесионер асо одлука на Влада е одземена концесијата поради како што информира министерот неисполнување одредени законски обврски кои треба да ги извршува концесионерот. Министерот тврди дека моментално иако нема кој да се грижи за зачувување на рибниот фонд и да го штити од рибокрадци Инспекторатот успешно ја врши својата работа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.