- Ние, сега и овде во оваа настаната ситуација сме и Пиги и Тодор. Толку слатко би му го рекле на Макрон она што Тодор му го кажа на Пиги, ама и од петни жили сакаме да одиме таму кај што одамна замина Пиги.

Објавил: Весна Петровска | 22 октомври, 2019 10:58

Пиги земи ме бе, Пигии…! Абе кој ти….матер!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Новинарот Љубиша Николовски за Слободен печат напиша колумна на тема не добивањето датум за преговри со Европската унија.

– Ние, сега и овде во оваа настаната ситуација сме и Пиги и Тодор. Толку слатко би му го рекле на Макрон она што Тодор му го кажа на Пиги, ама и од петни жили сакаме да одиме таму кај што одамна замина Пиги.

Има неколку легендарни реплики од култниот македонски филм „Среќна нова 49 та“. Една од нив ми „легнува“ за да ја објаснам целава оваа „заебанција“ со недобивање датум за преговори и инаетот на Макрон.

Гоце Тодоровски, алиас Тодор во филмот, инаку „залепен“ и зависен до коска од маалскиот мангуп Коста, викан Пиги, го моли својот идол да го земе со себе на Запад, во Италија, каде овој решава да замине и да ја напушти татковината, заглавена во мито, корупција, криминал, диктатура на пролетарјатот, на медиокритетсво, и на бесперспективност. Тој молежливо вика по него: „Пиги земиме бе со тебе, Пигии…“, цимоли Тодор. Откако Пиги не реагира на молбите и преколнувањата, Тодор во секунда се „прибира“ од стресот и му довикнува: „Абе кој ти ебе матер!“ се свртува и си оди по својот пат. Каде, и како ќе продолжи сам, не знае и тој, но балканскиот дух на преживување па макар и со неизвесност пред себе го надвладува. Се разбира то не го засегна многу Коста кој веќе се качува „под“ воз и нелегално заминува на Запад.

Што ми е муабетот. Ние, сега и овде во оваа настаната ситуација сме и Пиги и Тодор. Толку слатко би му го рекле на Макрон она што Тодор му го кажа на Пиги, ама и од петни жили сакаме да одиме таму кај што одамна замина Пиги. Можно ли е тоа?! На филм да. Кога би имало продолжение на „Среќна нова…“ и Тодор би заминал за Европа. Па кај да оди! Дома земјата не се оправа, а нели најчуената реплика во филмот/стварност, беше „Исток не отпиша, запад не не запишуе“.

Повеќе можете да прочитате ТУКА!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...