Тој влегол во своето возило, папамобилот и ги поздравил присутните !

Објавил: admin@magazin | 5 мај, 2019 18:28

Папата Франциск уживаше со папамобилот по улиците на Бугарија !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск пристигна во апостолската посета на Бугарија, како прва етапа од мини балканската визита во која е опфатена и Република Македонија.

Папата Франциск влезе во своето возило, папамобилот и ги поздрави присутните граѓани на улиците во Бугарија. На улиците денеска присуствуваа многу граѓани кои примија благослов од Папата, пренесе БГНЕС.

На вториот ден од престојот во Бугарија папата Франциск, ќе го посети бегалскиот камп „Враждебна“ во Софија, по што ќе одржи миса во Католичката црква „Пресвето срце“ во градот Раковски, во близината на Пловдив, а во попладневните часови ќе го заврши официјалниот дел од посетата со молитва за мир на плоштадот „Независност“. 

Папата Франциск во вторник доаѓа во прва историска посета во Македонија. Предвидено е на 7 мај наутротој да пристигне во Скопје. По официјалниот пречек, неговата светост, папата Франциск ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество.

За време на својот престој во земјава, папата ќе се сретне со верските лидери и со сиромашни лица.

Во програмата за апостолското патување на папата во Македонија, предвидено е тој да служи света литургија, а потоа да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.