Чамите се протерани албанци од Грција во периодот 1945 - 1947 година, истиот период кога насилно се протерани и Егејците, две етнички заедници врз кои е извршен егзодус од Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 8:31

Партијата на Чамите се обедини со албанската опозиција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Партијата за правда, интеграција и единство на Шпетим Идризи или попозната како партија на Чамите, (ПДИУ) и официјално стана дел од обединетата албанска опозиција.

Идризи по средбата со лидерот на најголемата опозициска партија, Љуљзим Баша, соопшти дека по најавата за напуштање на Владата, сега и официјално се дел од опозицијата.

Сакам да ја споделам оваа вест со сите Албанци. Од денеска сме дел од обединетата опозиција. Има потреба од посилна опозиција, чија цел ќе биде излез од оваа до недоглед продолжена транзиција и враќање на надежта на Албанците. Заедно ќе бидеме посилни за да ја срушиме актуелната криминална Влада,- изјави Идризи.

Одлука за напуштање на Владата на Еди Рама, донесе Националниот совет на партијата, по барање на лидерот Идризи по, како што изјави „предавството на Владата на премиерот Рама околу прашањето за Чамите“, Албанци протерани од Грција во 1945 година.

Тоа пак следуваше по изјавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој наведе дека со албанската страна се разговара по неколку прашања, но не и за прашањето за Чамите, бидејќи такво прашање не постои.

Партијата на Чамите во Парлментот има тројца пратеници, Реме Лала, Елена Џика и Дритан Бици, кои не присуствуваа на седницата на Националниот совет. Тие потврдија дека остануваат во Парламентот како независни пратеници и оти ја подржуваат Владата на Рама.

Демократскиот лидер Баша и посака добредојде на партијата во семејството на опозицијата, во која, како што соопшти останува и Партијата за човекови права на Вангел Дуле, каде членуваат припадниците на грчкото малцинство.

Гарантирам дека секоја одлука која ја донесуваме ја донесуваме со консензус со партнерите, што значи дека проширувањето на опозицијата со партијата на Шпетим Идризи е по добиената согласност на Вангел Дуле. Од денеска дел од опозицијата е ПДИУ на Чамите, но и понатаму останува и ПБДНЈ на Грците, изјави Баша.

Посочи дека зајакнувањето на опозицијата, што е заеднички став, е со цел да се ослободи земјата и нејзините граѓани од криминалната Влада на Рама, организирање слободни, фер и демократски избори ослободување на економијата од олигарсите и монополот, враќање на украедните пари на граѓаните, создавање услови за благосостојба на граѓаните и вработување на младите.

На постигнувањето договор меѓу париите присуствуваше и поранешниот претседател на Парламентарното Собраие на ОБСЕ, Рикардо Миглиори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.