Пендаровски втор НАТО "интегративец" по Рамадани со радикални изјави

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 јули, 2018 12:47

Пендаровски по стара песна – кога народ не сака – заплаши го!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Националниот координатор за НАТО – Пендаровски со став дека ќе биде лошо од аспект на регионот доколку Референдумот во Македонија не успее а со тоа пропадне и Договорот за името со Грција.

Тој смета дека во случај Македонија да ја пропушти шансата за НАТО неизвеснота ќе биде голема затоа што тековно на маса на преговорите меѓу Белград и Приштина се повторно ставени опциите за поделба на Косово.

“За наша жал – таму во последно време – на маргините на тие преговори – од влијателни држави – се слушаат гласови дека повторно е на маса опцијата да се разменуваат територии или да се подели Косово. Сите знаат дека ако се оди на поделба на Косово – најголема или прва колатерална штета ќе биде Македонија – поради албанскиот фактор – чија бројка во Македонија е значајна и ако северот на Косово во такви некакви планови се припои кон Србија – јас не можам да видам како албанскиот фактор во Македонија не би го поставил повторно прашањето на границите на Македонија.”

Прогресот низ професионалната воената кариера на Талат Џафери низ армиите и паравоените терористички организации.                                                                                                     извор: Википедија online енциклопеција.

Пендаровски не враќа и во 2001-ва за време на војната во Македонија потенцирајќи дека уште во време на преговорите за Охридскиот рамковен договор првото барање на тогашните албански преговарачи беше да се најдат територијални решенија за етничките прашања.

“Значи да има граници – да се разграничиме – за почеток со висок степен на автономија. Тоа барање беше веднаш одбиено од американската делегација предводена од Џејмс Пердју – кој рече дека нема да се оди со територијални решенија за етничките предизвици – туку со значајна или длабока децентрализација.

И затоа се отиде на ваква децентрализација. Тоа беше компензацијата за тоа барање и да не заборавиме – во првите неколку соопштенија на тогашната ОНА беше јасно кажано дека идејата е да се истера “Славомакедонскиот окупатор” од албанските земји.”

Чудно како Пендаровски говори за барања кои ги наметнала тогашната ОНА која веднаш потоа формираше политичко крило познато и како ДУИ а по изборите за пратеници во 2002 година токму СДСМ оствари прва коалиција со поранешните командантни на УЧК и ОНА кои добија високи политички и владини функции но и одлично се позиционираа во безбедносните служби на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.