Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, им "подели" кривични пријави на Заев и Димитров, но и ДИК а го повика претседателот Иванов да се изјасни во ОН

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 12:10

Петров: Иванов да го бојкотира договорот со Грција во ОН

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Светскиот македонски конгрес (СМК) предводен од Тодор Петров ќе го бојкотира референдумот, а ќе води и кампања “Бојкотирам значи не гласам”. 

Петров вели дека легитимно право е тој граѓанин што е против референдумот и да не излезе на гласање, а ги охрабрува да не се плашат да го направат тоа.

СМК поднеле и приговор до ДИК за заштита на избирачкото право од корупција во јавната кампања, по говорот на премиерот Зоран Заев дека фирмите ќе давале плата плус ако вработените излегле да гласаат на референдумот. Петров вели дека Заев вршел поткуп и заплашување на гласачите.

Кривични пријави за несовесно работење заработиле и сите членови на ДИК.

“Очекуваме претседателот Иванов во ОН да им каже на сите преку своето обраќање, дека спогодбата е ништовна и неважечка, а во ОН да бидеме исто како и досега. Поднесовме кривични пријави против премиерот и министерот за надворешни работи, 69 пратеници во Собранието на РМ, кои гласаа за Договорот со Грција. До Уставниот суд поднесовме две иницијативи, односно поништување на референдумот и правнилникот за одржување на референдумот“, вели Петров, кој тврди дека поднел и пријави до членовите на ДИК поради Злоупотреба на службена должност.

Тодор Петров најави дека Светскиот македонски конгрес ќе ги поддржи сите инциијативи за бојкот на референдумот, а притоа, упати повик за волонтери кои ќе го набљудуваат референдумот.

“Поднесовме и кривични приајави против експертите за историските прашања мешу Македонија и Грција во чиј состав се седум члена на чело со амбасадорот Виктор Габер, со задача да се врши ревизија на македонската историја. Спогодбата Димитров-Коѕијас не е ратификувана во согласност со Уставот”, вели Петров.

Заев шири заблуди во јавноста, обвини Тодор Петров, а пак спас гледаат во Уставниот суд кој треба да донесе одлука по нивната иницијатива за поништување на референдумот. Доколку референдумот се одржи, тие очекуваат масовна неизлезност, бидејќи Владата ја лажела јавноста.

*Тодор Петров е македонски политичар, борец за правата на Македонците низ целиот свет и претседател на Светскиот Македонски Конгрес.

Тодор Петров над 35 години ги застапува и брани националните државни и народни интереси на Македонија и Македонците во државата но и цел свет каде има македонски иселенички заедници.

Петров е економиста. Бил директор на неделникот “Македонско сонце” кога Македонија била дел од федерацијата Југославија.

Од 1990 до 1994 година бил независен пратеник во првиот повеќепартиски парламент на Македонија. 

Од 1990 година е претседател на Светскиот Македонски Конгрес. 

Во 2006 година бил претседател и на политичката партија Македонска партија како транснационална партија.

Во 2009 година учествуваше во кандидатската трка на ВМРО – ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија, но кандидатурата ја доби актуелниот претседател Ѓорге Иванов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.