По демантот на скопска Апелација, по втор пат, на социјалните мрежи се огласи и Груевски, кој ја најави и потврдата на пресудата за две годишна затворска казна за денес

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 7:20

Повторно се огласи Груевски: Еве што порача на Facebook

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, на својот Facebook профил напиша дека сосема очекувано беше дека судот ќе ги демантира сознанијата изнесени во неговата изјава.

Како дополнение на својот пост тој додава:

„Но од соопштението – демант на Апелацискиот суд, не само меѓу редови, туку и директно се чита пристрасноста на оној кој го креирал текстот на овој демант и се наѕира веќе донесената одлука за мое прогласување за виновен, иако ниту имам сторено кривично дело, ниту постојат докази за такво нешто, ниту судската постапка во прв степен е соодветна, ниту пак по закон можат да вршат гонење за нешто што има и релативна и апсолутна застареност а во корелација со член член 30 од КЗ.

Судот си дозволил во одговорот јавно да се пресметува со мене, обвинувајки ме дека со остварувањето на моите права кои се сосема оправдани во правец на барање неколку изземања, всушност дека сум сакал да го одолговлекувам судењето. На пример за изземање на судија за кого е отворена постапка за одговорност веќе има и судска пракса за негово изземање од кога во 2017-та истото се случи во Кривичниот суд.

Притоа забораваат дека максимумот што го бараше адвокатот на другиот обвинет од името на сите адвокати беше одложување за еден работен ден, со цел наместо во петок, во понеделник да бидат присутни сите адвокати.

Неможе да стане збор за одолговлекување кога се бара изземање на судии кога се знае дека тоа се решава за еден час, како и што беше направено, или најмногу ден – два доколку се прифатеше барањето за изземање, вклучително и она за кое одлучува врховниот суд.

Со ова соопштение демант, за жал апелацискиот суд само го потврди она што го објавив, а наскоро и на дело ќе го покаже тоа кога ќе ја објави одлуката“, критикува Груевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести