На возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да возат, и тоа особено доколку минуваат во близина на оние помали реки, кој се наоѓаат во близина на патиштата.

Објавил: admin@magazin | 9 јануари, 2021 11:05

ХИДРОЛОШКА НАЈАВА: ПОРАДИ ИНТЕНЗИВНИТЕ ВРНЕЖИ ПОНАТАМУ СЛЕДУВА ПОРАСТ НА НИВОАТА НА РЕКИТЕ И НА ЕЗЕРАТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Територијата на Македонија изминатиот период се наоѓа под влијание на циклонска активност и на изразени влажни воздушни бранови кој условуваат ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, сепак најинтензивни врнежи од дожд има во западните предели каде дневното количество на воден талог локално измесува и над 20 л/м2.

 На повисоките планини, особено во северозападниот дел од државава и најмногу во Шар Планинскиот предел врнежите се претежно од снег и локално на оваа планина снежната покривка веќе изнесува и преку 50 сантиметри, и тоа на Попова Шапка.

Понатаму, поради новите интензивни врнежи кој се очекуваат во Македонија, се очекува зголемување на нивоата на реките и на езерата, и тоа особено во западните и во југозападните предели каде локално повторно се очекува да наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 50 – 60 л/м2).

На возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да возат, и тоа особено доколку минуваат во близина на оние помали реки, кој се наоѓаат во близина на патиштата.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 во текот на денешниот ден, и од 6 до 14 степени во следните неколку денови.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...