Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи, Кочо Анѓушев и Хазби Лика ќе добијат плати повисоки за 8.027 денари.

Објавил: Перо Милчин | 24 јануари, 2019 10:33

Поголеми плати за 8.000 денари за Шеќеринска, Спасовски, Анѓушев, Османи и Лика

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Предлог закон за покачување на платите на вицепремиерите за 8.000 денари кој беше доставен до Собранието на РМ кон крајот на месец декември 2018 година, ќе се гласа во понеделник.

Доколку предлог законот помине во Собранието на Република Македонија, вицепремиерите Кочо Анѓушев, Лика,Османи, Шекеринска и Оливер Спасовски, веќе од февруари месец оваа година ќе имаат покачени плати.

Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи, Кочо Анѓушев и Хазби Лика ќе добијат плати повисоки за 8.027 денари.
Тоа значи дека ќе се одлеат 481.620. денари од парите на граѓаните.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски добил 92.299,00 денари плата за октомври. Со тоа тој е најплатен министер во владиниот кабинет и зема повисока плата од премиерот Зоран Заев, на кого минатиот месеци му се исплатени 88.161,00 денари.

Платите на министрите се објавени на сајтот на владата, преку алатката за отчетност. Примањата на другите министри минатиот месец се движеле од 70.994 денари, колку што земал министерот без ресор задолжен за подобрување на статусот на Ромите Аксел Ахмедовски, до 80.206,00 денари, колку што му се исплатени на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Со измени на Законот за плати на избрани и именувани функционери, платите на вицепремиерите наскоро треба да се изедначат со тие на другите министри, согласно со одлуката на Уставниот суд од пред неколку месеци. Минатиот месец, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска земала плата 79.150,00 денари, а на вицепремиерот за Рамковен договор Хазби Лика, и покрај информациите дека не оди на работа, му се исплатени 76.340,00 денари или нешто повеќе отколку на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој земал 75.635,00 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.