Два пожара избувнале ноќеска во станови во скопските населби Автокоманда и Аеродром.
Повредени нема а причинети се само материјални штети.
Како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје – Ѕвонко Томески едниот пожар се случил меѓу 03:15 и 04:40 часот во бања во стан на улицата “Трифун Хаџи Јанев” број 8/7 во Автокоманда.
Зафатени биле шест метри квадратни површина а интервенирале шест пожарникари со две возила. Штетата се проценува на 50.000 денари.
Вториот пожар предизвикан од машина за перење бил околу o4:40 – 05:15 часот во стан на улицата “Трета македонска бригада” број 47.
За гаснењето биле испратени четири пожарникари со едно возило. Зафатени биле два метра квадратни а штетата е околу 15.000 денари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.