По активностите на полицијата во Скопје и Битола, во претходните неколку дена пронајдени се 55.000 парчиња пиротехнички средства.

Објавил: admin@magazin | 24 декември, 2018 12:08

Полицијата пронајде 52.000 пиротехнички сретства во Битола и Скопје

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

По преземени мерки на подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола во претходните дена со цел спречување на нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства кај две лица пронајдени се над 55,000 парчиња пиротехнички средства.

Неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.

Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра, потсетуваат од МВР.
Апелираат особено до малолетниците да не употребуваат петарди бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.

Кај Р.Е.(29) од Скопје и А.М.(36) од Битола пронајдени се над 52,000 парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3,000 распрскувачки материи, динамит и друго.
Против лицата ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ на РМ.
Министерството за внатрешни работи продолжува со мерки и активности со цел санкционирање на ваквите кривични дела.

Казна затвор од една до 10 години може да заработи секој граѓанин, кој неовластено изработува, држи или продава оружје или распрскувачки матерјали, потсетуваат полиција во пресрет на новогодишните и божиќни празници.

Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...