Човекот кој со куршум во салфетка испратен до Изет Меџити од ДУИ побара подобра функција, денес обзнани дека СЈО го сомничи Османи затоа што сака да го смени Ахмети

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 14:10

Пораката од СЈО до Османи е да не го “мерка” местото на Ахмети?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

СЈО поведе истрага против вицепремиерот Бујар Османи за да го спречи неговиот поход кон претседателската позиција на ДУИ, односно да го смени Али Ахмети.

Ова сублимирано е пораката објавена на социјалните мрежи на Велон Беља од ДУИ, новиот економски директор на Клиниката за гинекологија.

Според ова, Беља во Османи го гледа новиот лидер на ДУИ, а СЈО повело истрага против вицепремиерот оти како што вели, некој се исплашил дека Бујар станува претседател на ДУИ.

Додека обвинетите на ВМРО – ДПМНЕ од СЈО ги фаќаше паника, некогаш бегаа од земјата, а некогаш добиваа инфаркт, Бујар Османи одговара позитивно на “парадоксалното” барање на СЈО.

Велам парадоксално бидејќи оваа институција, Специјалното јавно обвинителство, беше институцијата која издаде документ (на почетокот на оваа Влада) дека сегашните министри не се дел од нивните истраги.

За ова прашање, јас гледам поинаку. Некој се исплаши дека Бујар станува претседател на ДУИ?

Главата горе Бујар. Ние сме со тебе и вашето семејство на секој чекор и во секое време.

Запомнете дека тешкотиите не прават посилни и посилни и поподготвени. – напиша Бела.

Беља на јавноста и е познат по скорешното вработување како економски директор на Клиниката за гинекологија а во јавноста остана запаметен настанот кога во 2016 година, Бела преку закана со куршум во салфетка кој го остави во канцеларијата на тогашниот градоначалник на Чаир Изет Меџити, бараше за себе подобра функција.

Ако сакаш да си директор од ДУИ, прати им куршум

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести