Ваљон Беља од заканувач со куршум за Изет Меџити до економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство, најверојатно затоа што поделил многу салфетки низ ДУИ

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 9:36

Ако сакаш да си директор од ДУИ, прати им куршум

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Валон Беља од ДУИ е новиот економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Од Министерството за здравство потврдија дека Беља е новиот организациски директор на Клиниката за гинекологија.

Беља имено самиот ненадејно попладнето се појавил на Гинекологија каде им било соопштено дека ќе биде новиот економски директор.

Беља беше член на невладината организација “Реалитети”, а во 2010  година ја основа партијата Албански сојуз. Партијата подоцна се припои кон ДПА на Мендух Тачи, каде Беља беше потпретседател.

Набрзо избија несогласувања помеѓу него и Тачи и лидерот на ДПА го исклучи од партијата. Беља пак бараше смена на Тачи од лидерската позиција.

Беља по ова премина во владеачката ДУИ.

Во јавноста остана запаметен настанот кога во 2016 година, Беља преку закана со куршум во салфетка кој го остави во канцеларијата на тогашниот градоначалник на Чаир Изет Меџити, бараше за себе подобра функција.

Општина Чаир го пријави инцидентот во МВР, но до денеска тој нема разрешница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести