Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Објавил: Владо Марин | 23 април, 2020 9:26

ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Денеска услови за слаб локален дожд!

Фото/Текст извор: ©Magazin.mk

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме променливо облачно време, особено на југозапад ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 16 степени.

Потоа од утре ќе имаме значително постабилно време додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст.

За време на викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 во сабота и од 17 до 25 степени во недела.

На самиот почеток од следната недела во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...