Совест во судството или нешто друго ?

Објавил: Узунов Бобан | 10 април, 2019 15:10

Поротник си дал оставка револтиран од висината на казните за осудените од 27 април ?

Фото/Текст извор: ©фокус.мк/магазин

Според порталот фокус.мк, поротник револтиран поради висината на казните за осудените од 27 април си дал оставка. Од Основен суд Скопје 1 потврдија дека судија поротник во предметот „27 Април“ поднел оставка во Судечкиот совет, но официјално не е позната причината за неговото повлекување. 

Добрила Кцарска, судијката која го водеше предметот за случувањата во 27 април на интервју за 1тв изјави дека нема немала ни трошка сомнеж дека обвинетите се виновни токму за она дело за кое што се обвинуваа. Но, бидете сигурни дека не е лесно да се изрече казна затвор без оглед колкава е висината на казната. Дали поротникот кој си дал оставка имал поголем сомнеж од тој на Кацарска ?

Неофицијално, како се шпекулираше во медиумите, поротникот, пензиониран полицаец се повлекол револтиран од висината на казните за осудените. Тој имал забелешка за казните на колегите полицајци, за кои сметал дека се неправедно осудени.  

Дали поротникот имал сомнеж поголем од тој на судијата Кацарска која ги осуди обвинетите на два века казна затвор ? 

„Ве информираме дека еден од судиите поротници во судечкиот совет со кој претседава судијата Добрила Кацарска, самиот побарал од Судскиот совет да биде разрешен од функцијата судија – поротник, па заради тоа е извршена и промена на советот, но во однос на предметите за кои прашувате, оваа промена нема никакво влијание со оглед да предметот поврзан со „27 април“ е веќе завршен со првостепена пресуда. Другите предмети, познати како „Транспортер“ и „Триста“, заради промена на составот на советот, формално се веќе почнати од ново и не само што се доведени во фазата во која биле претходно, туку се и во понапредна фаза со оглед да на претходните расправи за овие предмети се изведувани нови докази и соослушани нови сведоци. Па затоа оваа промена не претставуава никава пречка нити причина за одолговлекување на предметите“, велат од Основен суд Скопје 1.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести