Недостатокот на локации за градење, замрзнатите Детални урбанистички планови, поскапите градежни материјали и работна сила си го направија своето – па така и вкупната цена на становите порасна.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 декември, 2021 7:04

Поскапуваат становите во Скопје, метар квадратен оди и до 1.500 евра

Фото/Текст извор: ©магазин/телма

Дури и до 1.700 евра за квадратен метар во централното градско подрачје достигна цената на недвижностите.

Недостатокот на локации за градење, замрзнатите Детални урбанистички планови, поскапите градежни материјали и работна сила си го направија своето – па така и вкупната цена на становите порасна.

Според извештајот на Народната банка во третиот квартал годинава, недвижностите поскапеле за 5,9%. Во првиот квартал зголемувањето изнесувало 3,2 отсто, а во вториот 4%.

И сето тоа е со тенденција да продолжи да расте и во иднина. Од Градежната комора оценуваат дека бројките на Народна банка нецелосно ја отсликуваат реалноста и дека ситуацијата е многу поразлична, а зголемувањето многу поголемо.

„РЕАЛНОСТА Е СОСЕМА ПОИНАКВА ОД ТОА ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ДЕКА Е 5,9% – КОНКРЕТНО ВО ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ ТОА Е МНОГУ ПОВЕЌЕ. ТОА САМО ЌЕ РЕЗУЛТИРА ВО ПЕРИОДИТЕ КОИШТО ЌЕ ДОАЃААТ ПОНАТАМУ. ВО ЦЕНТАР, КАРПОШ, АЕРОДРОМ, КИСЕЛА ВОДА (ЦЕНТРАЛНИТЕ ГРАДСКИ ОПШТИНИ) ИМАМЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНИ ПОВЕЌЕ И ОД 30%. ДАЛЕКУ СМЕ НИЕ ОД ТОА ШТО СЕ ПОКАЖУВА КАКО СТАТИСТИКА ДЕКА Е 5,9%. МНОГУ Е ПОГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕТО НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ВО ОДНОС НА КРАЈНА ЦЕНА“ ВО ИЗЈАВА ЗА ТЕЛМА ВЕЛИ ИВИЦА ЈАКИМОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРАДЕЖНАТА КОМОРА ПРИ СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ.

Особено интересна е општина Центар. Таму веќе има и помала понуда на станови.

Бројни се факторите заради коишто сега недвижност не може да се најде во главната скопска општина за 1.100 евра по метар квадратен како пред само неколку години, анализира Јакимовски.

„АКО ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ЦЕНАТА ЗА 2017 ГОДИНА, ОДНОСНО НА ПОЧЕТОКОТ НА 2018 ГОДИНА, ИСТАТА БЕШЕ 1100 ЕВРА. СЕГА СЕ СЛУЧУВА НИЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА НЕ МОЖЕМЕ ДА НАЈДЕМЕ НЕДВИЖНОСТ ПОД 1400, 1500, 1600, 1700 ЕВРА ПО МЕТАР КВАДРАТЕН. ТОА Е САМО ДОКАЗ НА СИТЕ ФАКТИ НА КОИШТО УКАЖУВАМЕ НИЕ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ДЕКА ЌЕ НАПРАВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ШОКОВИ И ДЕКА ЌЕ НАПРАВИ ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРИТИСОК МЕЃУТОА НЕ БЕВМЕ СФАТЕНИ СЕРИОЗНО И БЕВМЕ СТАВЕНИ ВО ПОЗИЦИЈА ДЕКА ГИ ШТИТИМЕ САМО ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ“ ВЕЛИ ИВИЦА ЈАКИМОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРАДЕЖНАТА КОМОРА ПРИ СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ.

Сепак, станови не се бараат само на оние најатрактивни локации и за градежниците, но и за идните станари.

Освен централното градско подрачје и местата како Карпош и Аеродром каде што секогаш најмногу се бараат станови, во последно време зголемен е интересот за недвижнини и во околните скопски населби како Кисела Вода, Гази Баба, Чаир и Бутел.

Според базата на Регистарот на цени и закупнини, на пазарот на недвижности во третиот квартал се регистрирани 9.231 трансакција, од кои 7.277 продажби на недвижности и 1.954 закупи на недвижен имот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...