По наредба на полицијата, затворени се улици и булевари во Атина, а според грчките медиуми потребно било да се евакуираат две метро станици

Објавил: Македонка Димкин | 29 јули, 2018 16:49

После огнената стихија Грција се соочува со големо невреме и поплави!

Фото/Текст извор: ©миа

После големите пожари каде во Грција загинаа повеќе од 85 луѓе, попладнево силно невреме  ја зафати Атина, и покрај тоа што не траеше долго, но беше со голем интензитет, голем дел од улиците  се поплавија додека пак неколку атински населби се без електрична енергија, а противпожарната служба добила преку 190 повици за помош, јави дописничката на МИА од Атина.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, преку официјалниот Твитер профил, објави упатства до граѓаните да бидат особено внимателни за време на екстремните временски услови и да избегнуваат движење во деловите зафатени од невремето, а паралелно упати апел до медиумите итно да ја пренесат пораката за граѓаните да бидат навремено информирани.

Повиците до противпожарната служба биле во најголем дел за затнати канализации, но имало и такви за помош при заглавени лица во нивните автомобили.

Само пред неколку дена во Атина беснееја големи пожари кои предизвикаа големи човечки жртви

По наредба на полицијата, затворени се улици и булевари во Атина, а според грчките медиуми потребно било да се евакуираат две метро станици, една поради прекин на струјата, друга поради насобрано големо количество вода.

Во последно време Грција е се почесто зафатен од невреме и големи поплави. Така лани во ноември имаше библиска поплава каде што од водата на површина излегуваа теле на луѓе кои не успеале да се спасат. Тогаш во Грција имаше 15 жртви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.