Како што беше објавено на нивната официјална веб страна автобусите од јавниот превоз ќе почнат да ја користат посочената постојка кога ќе се обезбедат услови на терен, односно кога ќе завршат градежните активности.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јули, 2019 10:54

Постројката Југодрво не е во функција- проверете како ќе се движат автобусите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Постојката Југодрво, поради изведување на градежни активности на булевар „Кочо Рацин“ привремено не е во функција, соопштуваат од ЈСП.

Како што беше објавено на нивната официјална веб страна автобусите од јавниот превоз ќе почнат да ја користат посочената постојка кога ќе се обезбедат услови на терен, односно кога ќе завршат градежните активности.

Од ЈСП известуваат дека линија 9 е пренасочена во правец од Скопје север кон Клинички центар, односно автобусите после Битпазар вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Филип Втори Македонски“ (од кај МНТ), кај Градска болнца лево по булевар „11 Октомври“ (Зелен пазар) и десно на булевар „Кочо Рацин“ се враќаат на траса.

Во правец од Клинички центар кон Скопје север возилата сообраќаат по својата редовна траса.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести