Голем број од загинатите се студенти или млади луѓе кои студирале или работеле во Скопје

Објавил: Узунов Бобан | 15 февруари, 2019 8:06

Прекинати соништа на Бобан, Павле, Онур и други, кои се најмладите кои ги изгубија животите

Фото/Текст извор: ©фактор.мк/магазин

Бобан Аврамовски, Павле Костовски и Онур Садику, момче и студенти се меѓу најмладите загинати во несреќата која се случи завчера на автопатот Скопје-Тетово.

Една од жртвите е 19 годишниот студент по медицина Онур Садику.

Како што пренесоа поголем дел од медиумите, оние кои го познавале го опишуваат како момче за пример, како на факултет така и во приватниот живот. Имал сон да им помага на луѓето, па ја избрал медицината како професија која ќе ја следи во животот.

Oрганизацијата на потрошувачи на Македонија објави дека нивниот драг и почитуван колега Павле Костовски го загубил животот во таргичната несреќа. 

Вчера реку целиот ден увидните екипи беа на терен и собираа докази на причините за несреќата. Автобусот со кран беше дислоциран на Машинскиот факултет каде ќе се врши вештачење на истиот.

Нашите мисли се со семејствата на покојникот. Вечна слава.-пишуваше во соопштението на ОПРМ.

Фон Универзитет соопшти дека нивниот студент , Бобан Аврамовски, кој студирал дизајн и мултимедија е меѓу загинатите во автобуската несреќа во близина на селото Ласкарци.

Бехза Узеири имаше 21 година и била студентка по архитектура а во автобусот се качила на пат кон родната Долна Белица.

Ваљдета Хамити наместо дома кај блиските и двете дечиња, 7-месечно бебе и постарото 4-годишно дете, замина во смрт враќајки се од работа. Таа работела како асистентка на информатика на универзитетот Мајка Тереза.

ИТ инженерот кој беше вработен во Народна банка остави две ќерки.

Во црно несреќата кај Ласкарци го зави и семејството на пратеникот од владеачката партија. Јовица Трпески загина на 25 годишна возраст а во ЕВН работел во информатичкиот сектор.

Меѓу загинатите се и Зоран Давидовски (1981), вработен во Град Скопје но и Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар која дома се враќала по посетата на внучето и ќерката во Скопје.

Најстара жртва е Есат Емрулаи . Тој загина на 66 години а на повредите им подлегна во болница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести