Автобусот го гасат десеттина пожаникари со две возила.

Објавил: Владо Марин | 13 мај, 2020 8:32

ПОЖАР ВО СКОПЈЕ: Автобус изгоре под Железничката станица во Скопје!

Фото/Текст извор: ©Опсервер/магазин.мк

Приватен автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје.

Автобусот го гасат десеттина пожаникари со две возила.

Командирот на пожарникарската чета Борче Менковски за изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и во него немало патници.

Приватен автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје.

Нема повредени лица. Според првичните сознанија, причината за запалувањето најверојатно е проблем со електриката на автобусот.

Минатата година автобус на скопското јавно транспортно претпријатије ЈСП се запали на релација кон селата Арачиново и Грушино, а патниците биле безбедно евакуирани од возилото!

Исто така и двокатен автобус на ЈСП-Скопје во населбата Ѓорче Петров целосне изгоре горниот кат на возилото и ниту еден од патниците не беше повреден, а брзата интервенција на Противпожарната единица спречила ширење на пожарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести